Едукативниот караван на Државната изборна комисија кој траеше во изминатите две недели заврши. Тој посети вкупно 15 градови и тоа Велес, Штип, Кочани, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Струмица, Куманово, Гевгелија, Вевчани и неколку општини во Скопје, покривајќи што поголем број на гласачи на територијата на државата.
ДИК во пресрет на Претседателските избори 2019 и во склоп на кампањата „Глас по глас“ одлучи на ваков пристап до граѓаните со цел директна комуникација. ДИК во текот на кампањата со граѓаните сподели информации за нивните права, ги информираше за методите на гласање, едуцираше за значењето и одговорноста на гласот, и ги посочи забраните кои постојат на гласачките места. Овој начин на комуникација со граѓаните помага вистинската информација да дојде до секој гласач и да се надминат недоразбирањата во јавноста. Индивидуалниот пристап овозможи на ДИК до детаљ да ја пренесе сржта на кампањата „Глас по глас“ потенцирајќи дека секој глас значи остварување на демократијата во државата.
Во втората недела беа посетени неколку општини во Скопје, Гевгелија, Струмица и Куманово, но за граѓаните кои сепак не успеаја да се информираат за своите интереси и права тоа може да го направат со посета на официјалните социјални медиуми на ДИК и тоа Фејсбук фан страната на https://www.facebook.com/drzavna.izborna.komisija/ и Твитер профилот на: https://twitter.com/izbori_mk, но и официјалната веб страна на http://www.sec.mk/.
За повеќе информации граѓаните можат да се јават и на бесплатната телефонска линија 0800 555 444.