Во нападите на Исламска Држава врз сириската војска и сојузничките милитанти во Сирија загинаа 35 војници за два дена, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Иако Исламска држава го загуби и последното упориште во Сирија, борците на исламистичката организација и понатаму имаат упоришта распрскани во централниот дел на Сирија, каде деновиве се водат борбите.