Владата следната недела на владина седница се очекува вторник – 7 мај да го прогласи за неработен ден за сите граѓани. Според агендата за посетата на папата Франциск, тој на 7 мај во 8.30 часот ќе слета на скопскиот аеродром од Софија и ќе биде пречекан од Премиерот и Претседателот на земјава.
Светиот Отец откако ќе биде примен во Претседателската палата, каде ќе има и обраќање, ќе оддржи литургија на скопскиот плоштад во 11.30 часот, каде се очекува да присуствуваат десетици илјади граѓани од земјава и од регионот. За присуство на централната литургија се неопходни бесплатни билети, кои од следната недела ќе бидат достапни во центрите на Католичката црква. Оние кои нема да успеат да резервираат карта ќе треба да се сместат во т.н. втора зона која од првата ќе биде одвоена со ограда.
Во агендата на папата е и посетата на меморијалниот центар Мајка Тереза, таму се предвидени средбите со верските лидери во државава, а одделно ќе се сретне со католичкото свештенство во црквата Пресвето Исусово срце.
Веќе се пријавени 165 странски новинари и 65 медиуми. А во текот на целодневното присуство на понтифот ќе важат посебни мерки за безбедност од прв степен. Дали поглаварот на католичката црква ќе се вози во папа-мобилот или не, се уште нема конкретна информација.
Поради присуството на Папата нивото на безбедност во главниот град ќе биде на највисоко ниво, а автобусите на ЈСП со цел да ги пренесат сите заинтересирани граѓани на големиот настан ќе возат бесплатно.