Урната на Мирјана Марковиќ, која почина во неделата на 77 годишна возраст, денеска е положена во Пожаревац, во заедничката гробница каде што почива нејзиниот сопруг, Слободан Милошевиќ. Таа почина поради компликации со белите дробови, а по своја желба беше кремирана во Русија.
На последниот испраќај присуствуваа Милутин Мркоњиќ, Славица Џукиќ Дејановиќ, Жарко Обрадовиќ и Војислав Шешељ. На комеморација присуствуваа Момир Булатовиќ некогашниот претседател на сојузната влада на СР Југославија и еден од најблиските соработници на Слободан Милошевиќ, како и некогашниот претседател на Владата на Република Србија Никола Шиановиќ.
На церемонијата немаше никој од потесното семејство на Милошевиќ, ниту синот Марко, ниту ќерката Марија. Таа, пак испрати писмо во кое напиша дек жали што двајцата почиваат во Србија, како и дека тааи нејзиниот брат никогаш нема да им се придружат.