Според најновата студија, жените спијат подобро покрај куче отколку покрај маж
Според студијата на д-р Кристи Л. Хофман, професор на одделот за однесување на животните, екологија и конзервација на Канисиус колеџ во Бафало, и нејзиниот тим на научници, жените повеќе ќе се наспијат ако постелата ја делат со куче наместо со својот партнер.
Тие испитувале 962 возрасни жени во САД и откриле дека жените кои спиеле со куче (или кучиња) во просек спиеле подобро од жените кои спиеле со маж. Тие, исто така, открија дека жените кои го делат креветот и со куче и со маж, сметаат дека милениците помалку им го нарушуваат сон, а во исто време им обезбедуваат поголемо чувство на сигурност и удобност, според „Лад библ“.
За споредба, утврдено е дека мачките пречат исто како и луѓето, но не го обезбедуваат истото чувство на сигурност како кучето или човекот. Сепак, мачките можеби се посоодветни за луѓето што се ноќни птици, бидејќи е откриено дека сопствениците на кучиња одат во кревет и стануваат порано од сопствениците на мачки.
Д-р Хофман вели дека се надева дека во иднина ќе проучи каков е ефектот на спиење со куче врз мажите.