По четиригодишна изградба и огромен медиумски интерес, долгоочекуваниот аеродром ,,скапоцениот камен” Чанги во Сингапур е официјално отворен.
Аеродромот се протега на простор од 135.700 квадратни метри и е замислен како комплекс за мулти-употреба, дизајниран како огромна шума која шти ги поврзува четирите терминали на аеродромот.
Најдобриот аеродром во светот сега е уште подобар и тешко дека некој ќе успее да го симне од листата на која доминира во изминативе седум години.
Изградбата на аеродромот чинеше околу 1,25 милијарди долари и е дизајниран од страна на познатиот архитект Моше Сафдие.
,,Скапоцениот камен” има 10 нивоа – пет над земјата и пет под земјата. Главна атракција е на 40-метриот водопад, што каскадно паѓа во центарот на аеродромот и се смета за највисокиот водопад кој е изграден во затворен простор. Посетителите можат да се прошетаат преку Canopy мостот, кој ќе се наоѓа на височина од 23 метри.
Најголема атракција на аеродромот Чанги е Canopy park, кој е со големина од 11 олимписки базени, и содржи интересни активности за децата, како лавиринт од жива ограда, мостови со стаклено дно и дождовни шуми во затворен простор.