Екипата на Манчестер сити го победи Тотенхем со 1:0 во мечот од 35. коло од првенството на Англија. Единствениот гол го постигна Фил Фоден уште во 5. минута.
По 34 одиграни натпревари со новите три бода, Манчестер сити се врати на првото место на табелата со 86 бода, еден повеќе од Ливерпул. Тотенхем е трет со 67 бода, еден бод повеќе од Арсенал, кој во оваа рунда се среќава со Кристал Палас, како и Челзи кој има одиграно ист број на натпревари.
За потсетување, Тотенхем го елиминира Манчестер сити во четвртфиналето на Лигата на шампионите по драматичниот реванш во средата кој заврши 4:3 за „граѓаните”, но гостите од Лондон поради победата на домашен терен од 1:0 одат во полуфиналето.