Италијанецот Фабио Фоњини попладнево го победи Шпанецот Рафаел Надал со 2-0 (6:4 и 6:2) во полуфиналето на АТП турнирот во Монте Карло (Монако).
Во меч што траеше еден час и 37 минути, 13-от носител изненадувачки беше подобар од вториот носител.
Противник на италијанскиот тенисер во мечот за трофејот ќе биде Србинот Душан Лајовиќ. Кој во првото полуфинале го совлада Даниел Медведев (Русија) со 7:5 и 6:1.
Наградниот фонд на АТП „Ролекс Монте Карло Мастерсот” изнесува 5,2 милиони евра.
Финалето е закажано за утре со почеток во 11 часот.