Возачот што ги прегази полицајците бил пијан

Основното јавно обвинителство Куманово ја расчистува сообраќајната несреќа во која животот го загуби полициски службеник
Скопје, 21 Април 2019

Надлежен јавен обвинител заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде синоќа се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени.

Патничко моторно возило управувано од осомничениот, жител на Куманово кој бил видно под дејство на алкохол,  удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал. Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое биле три лица и на сите им нанел телесни повреди.  Возилото продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и возачот се здобил со телесни повреди. Сите повредени лица се згрижени во медицинска установа и им се укажува помош.

Надлежен јавен обвинител донесе Наредба за вршење обдукција на телото на починатиот. Донесена е и Наредба за прибирање траги од лице место, фотографирање и скицирање како и натамошно вештачење со кое ќе бидат утврдени фактите во предметот.

Треба да знаете
Последни објави