Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по денешната победа (3:0) над Атлетик Билбао во 33. коло од шампионатот на Шпанија рече дека напаѓачот Карим Бензема е најдобрата „деветка” на светот.
- Тој игра подобро отколку што сум го видел откако се вратив во Реал Мадрид. Постигна осум гола по ред, Ова е најдобрата „9-ка” на светот во овој момент. Не сум изненаден од ова негово постигнување. Знам дека тој е способен за такво нешто, изјави Зидан.
Реал го зазема третото место на табелата во Примера со 64 бода, 13 помалку од лидерот Барселона и четири од второпласираниот Атлетико Мадрид.