Поради лажна дојава за поставена бомба, сараевскиот трговски центар „Сараево Сити Мол” синоќа беше затворен неколку часа.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево, вчера во доцните попладневни часови полицијата примила дојава за поставена бомба во објектот, поради што веднаш била спроведена евакуација на сите вработени и присутни во трговскиот центар.
По извршената проверка на објектот, припадниците на полициската единица за контрадиверзиска заштита утврдиле дека станува збор за лажна закана.