Кандидатот на владејачката коалиција Стево Пендаровски гласаше денеска во урбаната заедница Автокоманда. Toj истакна дека очекува изборите да поминат без инциденти и да добие предност за дефинитивна победа во вториот круг.
„Очекувам мирен европски ден како што и доликува на една европска, демократски развиена држава. Очекувам висока излезност затоа што граѓаните знаат дека не станува збор за избор на личност, туку за избор на концепт по кој Република Северна Мкаедонија треба да продолжи понатаму да се развива и да стане за еден кус временски период дел од евроатлантските структури. Се разбира на крајот на денот очекувам да оствариме убедлива предност која ќе ни даде можност во вториот изборен круг дефинтивно да ја добиеме масовната подршка на граѓаните за патот кој земјава го минува во изминатите две години, а тоа е подалеку од изолација и поблиску до Европа каде што реално припаѓаме“ реле Пендаровски.
Фото: Слободан Ѓуриќ