На 20.04.2019 година во 11.50 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром Скопје”, при пасошка контрола било констатирано дека на патната исправа на лицето О.С.(20) од Република Турција имало залепена фалсификувана британска виза и британски штембил. Лицето било приведено и предадено на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.