До 17 часот на 37 избирачки места во Гевгелија излегле 9.283 граѓани или 48,24 отсто од евидентираните.
Како што соопшти претседателката на ОИК Гевгелија, Роберта Јанчева, гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера.
Без нарушувања на изборниот процес тече и гласањето во општина Валандово каде до 17 часот својот глас го дале 4.176 граѓани или 42 отсто.
Во однос на 15 часот, зголемен процент на излезеност бележат и во општините Богданци и Дојран. На 12 избирачки места во општина Богданци гласале 2.698 граѓани или 39,9 отсто, а во Дојран 1.273 граѓани или 46,9 отсто од вкупно евидентираните гласачи во единствениот избирачки список.