На 20 април 2019 година во 18:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека М.Л.(24) и Р.Р.Г.(27), двајцата од Белгија, влегле во дворот на Генералштабот на Армијата на улица „Орце Николов”.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и лицата изјавиле дека залутале и ја прескокнале оградата. Се работи на расчистување на случајот.