Британската кралица, Елизабета Втора го слави денеска 93. роденден кој годинава се совпаѓа со Велигден, по Грегоријанскиот календар.
Таа присуствуваше на велигденската богослужба во капелата Свети Џорџ, заедно со членовите на кралското семејство, пренесе „АП“.
Денешната прослава е прва од двете со кои секоја година се одбележува кралскиот роденден. Нејзиниот роденден официјално се одбележува во јуни со свечена парада, а ваквата традиција трае над 250 години, потсети „АП“.