Во Нигерија убиена Британка и Нигериец, кои претходно биле киднапирани во градот Кадуни во северниот дел на Нигерија, соопштила локалната полиција.
Според информациите, Британката Фај Муни, која во Нигерија работела како специјалист за комуникации за невладината организација „Mерси Корпс“, претходно била на забава од каде била киднапирана.
Киднапорања се чести во Нигерија, а жртвите се најчесто странци, но има и локални жители, и во главно се поради откупнина.
Британското дипломатско претставништво го објави идентитетот на жената и соопшти дека за инцидентот дознале во петокот, но дека не сакаат да шпекулираат за мотивите или карактерот на нападот.
Засега никој не презеде одговорност за инцидентот, а киднаперите се уште не се идентификувани.
Низ Северна Нигерија хараат организациите Боко Харам и Исламска држава, а меѓусебно се судрија и селани со сточари, што резултирало со стотици жртви.