На 21.04.2019 година во 12.45 часот на автопатот „Пријателство“, атар на с.Ржаничино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило – влекач „МАН“ со полуприколка „Шмитз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(54) од Скопје, мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ѓ.(29) од Скопје и мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.М.(27) од Скопје.
Во незгодата со повреди се здобиле возачите на мотоциклите. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде Б.Ѓ. им подлегнал на повредите, додека со тешки телесни повреди В.М. бил задржан на лекување. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.