Фудбалерите на Манчестер Јунајтед беа поразени од екипата на Евертон со 4:0 – станува збор за најтешкиот пораз на клубот откако за тренер на екипата беше назначен Оле Гунар Солскјер.
После лошата партија против Евертон, сосема очекувано, фудбалерите на Јунајтед се најдоа на жесток удар на навивачите на клубот. После вчерашниот натпревар, се огласи голманот Давид Де Хеа.
„Тешко е да се опише со зборови како се чувствувам. Како капитен, сакам да кажам дека играта на екпата, како и резултатот, не се по стандардите кои се очекуваат од играчите кои го носат дресот на Јунајтед“, изјави Де Хеа и додаде:
„Ние знаеме дека мораме да се подобриме, но зборовите вредат малку – мораме да дадеме се за овој тим. Ви благодарам за безрезервната поддршка“, изјави Де Хеа.