Климатските промени доведуваат до заразни тропски болести во Европа

На Европскиот конгрес за заразни болести ((ECCMID) во Амстердам, научниците  предупредија дека денга треската, чикунгуња, лишманиоза, енцефалитис (воспаление на мозокот), но и други тропски заразни болести сè почесто се јавуваат и во областите со умерена клима, односно во европските земји.

Ова е најголемиот светски конгрес за заразни болести, на кој овој месец се собраа повеќе од 13.500 доктори од 127 земји.

Заразните тропски болести пренесени од комарци и крлежи до неодамна на нашиот континент доаѓаа само со патници инфицирани во (суп)тропските земји.

Ова, сепак, полека се менува, бидејќи денес и Медитеранот за време на топлиот дел од годината спаѓа во област со тропска клима.

Благите зими, подолгите топли периоди, големите количества дожд и сушите се погодни за разни видови комарци и крлежи кои ги пренесуваат овие и други заразни болести, според холандската телевизија НОС.

Треба да знаете
Последни објави