Низата смртоносни напади што ја погодија Шри Ланка на 21 април биле извршени од најмалку седум бомбаши самоубијци, пренесува „Асошиетед прес“ наведувајќи ја како извор истрагата на судската медицина на Шри Ланка.
Според агенцијата, бомбаши самоубијци ги активирале експлозиите во шест хотели и цркви. Според последните извештаи, 24 лица биле притворени под сомнение дека стојат зад терористичките напади.
Во неделата Шри Ланка беше потресена од осум експлозии што се случија речиси истовремено околу 8.45 по локално време. Првата експлозија отиде во храмот на свети Антониј, „Кочичаде“, во Коломбо, втората во црквата „Св. Себастијан“ во Негомбо, на 30 км северно од Коломбо, а третата бомба беше активирана во црква во градот на Ербас на истокот од земјата. Во нападнатите цркви се одржуваа велигденски служби.
Во исто време експлозии ги погодија и хотелите „Шангри-Ла“, „Синамон гранд“ и „Кингсбери“ во главниот град Шри Ланка. Седмата експлозија се случи во зоолошката градина во Коломбо, а осмата бомба експлодира во Дематагода, предградие во Коломбо.
Според последните извештаи, 290 лица загинаа во бомбашките напади.