ОJO Куманово изврши увид во близина на селото Слупчане каде синоќа беше пронајдено возилото кон кое биле истрелани повеќе куршуми. На увидот беше констатирано дека од близина е пукано во автомобил во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осумгодишно дете. Двете лица биле смртно повредени и починале на лице место, се вели во соопштението на ОЈО.
„По насока на надлежен јавен обвинител, увидната екипа на МВР ги обезбеди и подигна трагите од лице место и истите ќе бидат предмет на натамошно вештачење. Пронајдени се и подигнати поголем број испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје. Издадена е и наредба за вршење обдукција на телата на починатите“, велат од ОЈО.
ОЈО Куманово презема дејствија со цел целосно расчистување на убиството.