По повод Велигден, концерт на духовна музика во катедралната црква „Св. Софија”

Во рамки на дополнителната програма на „Охридско лето”, а по повод големиот христијански празник Велигден, во катедралната црква „Св. Софија” утре со почеток од 18 часот ќе се одржи концерт на духовна музика со ансамблот „Ноктурно” од Србија.

Билетите по цена од 150 денари можат да се набават во Дирекцијата на „Охридско лето” и пред почетокот на концертот, на самиот влез од црквата „Света Софија”.

Со овој концерт на кој фестивалската публика ќе ужива во музиката на православието, ќе се заокружат концертите што „Охридско лето” ги организира надвор од редовната фестивалска програма од 12 јули до 20 август.

Треба да знаете
Последни објави