Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на вечерашната трибина во Карпош порача дека власта ја примила пораката по вчерашното гласање во првиот круг на претседателските избори.
-И ние вчера ја чувме пораката на оние кои останаа дома. Дека очекуваат повеќе, дека и тоа што е сработено не е доволно и свесни сме, дека сакаат тоа да го видат не само за големите државни прашања, туку во секое училиште, на секој шалтер. И ние сакавме да бидеме побрзи, но замислете со кого требаше да седнеме да преговараме, а не сакавме да го погледнеме. Од кого се требаше да побараме глас затоа што тој глас беше потребен за државата. Во тие моменти покажавме дека не сме себични. Апсолутно не е сеедно што ќе се случува на петти мај. Се она што го сработивме сега мора да го дотераме до финиш, мора да го завршиме. Ќе побараме одговорност од секој кој ја разочарал вашата доверба, рече Шекеринска.
Извор:Фокус.мк