Членовите на британското кралско семејство во неделата присуствуваа на црковната служба по повод Велигден. Додека принцот Вилијам дојде во придружба на сопругата на Кејт, принцот Хари дојде сам, бидејќи неговата сопруга, Меган, треба да се породи во секој момент. Притоа, на многумина не им побегна фактот дека принцевите на оваа свеченост се однесуваа ладно еден кон друг, а експерт за говор на телото тврди дека „Хари очајнички настојувал да го избегне брат му Вилијам“.
Војводата од Сасекс одеше пред својот брат до капелата во Виндзор, што само ги поттикна шпекулациите дека тие двајца се во кавга.
Дури и фактот дека одвоено доаѓаат и заминуваат од службата, предизвикува сомневање за поголем раскол меѓу принцевите, вели експертот за говор на тело, Џуди Џејмс.
Таа смета дека принцот Хари чудно се однесувал кога бил во друштво на својот постар брат за време на велигденската служба.
Исто така, Хари во неделата разговарал со својот роднина Тиндал, но изгледа дека со својот брат не разменил ниту збор, што повторно ги загреа гласините за можен раздор меѓу двата пара.
„Хари очајнички избегнуваше да се сретне со својот брат“, додава Џејмс.
Таа вели дека Хари, Вилијам и Кејт секогаш имале добри односи, но дека Хари одеднаш изгледа сериозно.
Дури и за време на доаѓањето на кралицата Елизабета Втора, која истиот ден го прослави 93-от роденден, принцот Хари не стоеше близу Вилијам и Кејт.
„Неговото тело покажува знаци на вознемиреност кога е во нивна близина“, констатира експертот за говор на телото.