Најмалку 19 лица загинаа, а 14 се водат за исчезнати во одронот што се случи во неделата во руралната област на југозападна Колумбија, соопшти службата за спасување.
Во одронот предизвикан од силниот дожд, се затрупани осум куќи во селото Росас, во колумбиската држава Каучи.
Властите стравуваат дека четиринаесетте лица кои се водат за исчезнати се исто така мртви, соопшти пожарникарскиот бригадир Хуан Карлос Ганан.
Llegamos a Rosas, Cauca, a traer soluciones y respaldo a la comunidad. Los acompañamos en este difícil momento, tienen el apoyo de todo el país. Estamos tomando las acciones necesarias para atender a los damnificados. Le pedimos a Dios por las personas fallecidas y sus familias. pic.twitter.com/IH88xMhdpm
— Iván Duque 🇨🇴 (@IvanDuque) April 22, 2019
Во одронот што се случи во неделата пред зори, тројца беа повредени и е затрупан дел од панамериканскиот автопат.
Колумбискиот претседател Иван Дуке испрати сочувство до семејствата на жртвите преку Твитер. Дуке го посети местото на несреќата и на жртвите им вети помош од владата.