Татко и неговиот 9-годишен син од кумановското село Опае биле пронајдени мртви во автомобил, синоќа во кумановското село Слупчане.
На 21.04.2019 година во 22.40 часот полициски службеници од Полициското одделение Матејче во атар селото Слупчане, на месноста Слупчански бунар, пронашле патничко возило „ппел астра“ со скопски регистарски ознаки во кое билe две лица без знаци на живот.
Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово излегле на местото и било констатирано дека непознат сторител со огнено оружје пукал во Е.С.(47) и неговиот деветгодишен син, двајцата од с.Опае. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.