Владата на Шри Ланка објави дека зад оргнизираните напади на цркви и хотели на Велигден стои екстремистичката група Нешенел Товид Џамат. Властите наскоро ќе прогласат вонредна состојба во земјата, по ужасниот масакр, во кој животот го загубија речиси 300 луѓе, а 500 се повредени.
Портпаролот на Владата изјави дека зад екстремистичката група стои меѓународна мрежа, со помош на која се изведени нападите.
Според најавите, претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена, ќе прогласи вонредна состојба низ целата земја од полноќ. Владата одлучи да објави клаузули поврзани со спречувањето на тероризмот до полноќ.
Мерката ќе биде ограничена на борбата против тероризмот и нема да ја загрозува слободата на изразување.