Николовски делумно го наклеветил Вице Заев

Основниот суд Скопје 2 донесе пресуда со која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во телефонска изјава го наклеветил Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, дека е главен бизнис-фактор во државата и дека Вице и неговото семејство ги добиваат сите главни бизниси во државата.

Судот утврди клевета само во дел од изјавата, но не досуди надомест на штета од 30.000 денари. Тужбеното барање за надомест на штета врз основа на повреденото право за нарушени чест и углед е одбиено.

Судењето траеше три рочишта, при што Вице Заев пред судот рече дека му се нарушени честа и угледот со изјавата на Николоски. Тој, пак, тврдеше дека братот на премиерот е јавна личност и како таква е подложен на критика дадена од потпретседателот на најголемата опозициска партија во државата.

Тужениот Николоски по изрекувањето на пресудата изјави дека е делумно задоволен и дека судот балансирал за Вице да си го зачува образот.

Најави дека пресудата ќе ја обжали пред Апелациониот суд.

Треба да знаете
Последни објави