Полицијата во Грузија се судри со демонстрантите кои протестираа против градењето на хидроелектрана

Грузиската полиција во неделата се судри со група жители од еден планински регион кои протестираа против изградбата на хидроелектрана. Полицијта беше принудена да користи солзавец и гумени куршуми за да го прекине протестот.

Околу 300 жители на клисурата Панкиси се собраа во близина на селото Биркиани во знак на протест против планираната електрана, велејќи дека тоа може да ја оштети околината и да ги принуди да ги напуштат своите домови. Некои фрлаа камења кон полицијата, објави независната телевизиска станица Рустави-2, додавајќи дека дел од нив претрпеле благи повреди како резултат на тоа.

Треба да знаете
Последни објави