Импровизирана експлозивна направа беше пронајдена во близина на единствениот меѓународен аеродром лоциран во Коломбо, главниот град на Шри Ланка, која специјалните единици на воздухопловството безбедно ја уништиле во контролирана експозиција.
Веста за пронаоѓањето на бомбата на „Твитер“ ја објавија новинарите од „Би-би-си“ Азам Амин и „Скај њуз“, Невил Лазарус, а потоа беше пренесена и од страна на британските таблоиди.
Како што соопшти локалната телевизија „Сираса“, импровизираната бомба била пронајдена на пат во близина на аеродромот „Бандаранаике“.
Портпаролот на воздухопловните сили на Шри Ланка соопшти дека бомбата била пронајдена во ПВЦ цевка долга два метра, пренесува „Мирор“.
Ситуацијата на аеродромот, судејќи според снимките од социјалните мрежи, била хаотична поради превентивното затворање и толпата.
Бомбата била пронајдена неколку часа по координираните напади на цркви и хотели во Шри Ланка, во кои загинаа повеќе од 290 лица, а околу 500 се повредени.
Полицијата вчера уапси 13 осомничени за нападите што министерот за одбрана, Руван Вијевардена, ги опиша како терористички.
Како што наведе агенцијата „Ројтерс“ и натаму никој не ја презема одговорноста за вчерашните напади.