Претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена, ќе прогласи вонредна состојба низ целата земја од полноќ по самоубиствените напади врз цркви и луксузни хотели во кои загинаа 290 лица, а беа повредени повеќе од 500 лица, соопштија од неговата канцеларија.
Владата одлучи да објави клаузули поврзани со спречувањето на тероризмот до полноќ, е наведено во соопштението на Канцеларијата за медиуми на претседателот на Шри Ланка, според Ројтерс.
Мерката ќе биде ограничена на борбата против тероризмот и нема да ја загрозува слободата на изразување.