Украина има можност да спроведе историски позитивни промени за доброто на општеството во целост, оцени руското МНР, откако украинскиот претседател Петро Порошенко изгуби на претседателските избори.
„Украина може да се промени, не со пренесување на парите од едни во други џебови, туку со препознавање на нужноста да го обедини народот, не на сила туку со развој на национален план“ изјавила портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
Таа истакнала дека голем број Укринци во подрачја каде има судири со проруските сепаратисти, не можеле да гласаат на изборите.
„Украинските власти не би требало да исклучат милиони од своите гласачи“ додала Захарова.
Володимир Зеленскиј, кој освои околу 70 отсто од гласовите, по изборите изјавил дека првата задача како претседател ќе му биде ослободување на заробените Украинци во судирите во источните делови од земјата.