Според Менендез, Турција не може да ги користи и Ф-35 и рускиот С-400

Aмериканскиот сенатор Роберт Менендез изјави дека САД ќе воведат санкции за Турција и ќе ја замрзнат испораката на борбени авиони Ф-35 ако Анкара продолжи со купување и распоредување на рускиот систем за противракетна одбрана С-400, според грчкиот весник „Катимерини“.

„Не постои начин да добијат Ф-35. Тие ќе бидат санкционирани и тоа е во согласност со законот. Купувањето големи количини на воена опрема од Русија е активност поради која ги санкционираме сите во светот, вклучувајќи ја и Турција. И не постои начин кој ќе им обезбеди Ф-35, покрај С-400 кој може сериозно да ги надгледува технологиите што ги имааме во Ф-35. Затоа е невозможно тоа да се случи”, рече Менендез во интервју за „Катимерини“.

На прашањето дали САД ќе ја разгледаат можноста за распоредување на американски воени бази од Турција во Грција ако односите меѓу Вашингтон и Анкара продолжат да се влошуваат, Менендез изјави дека сè е можно, иако не верува дека тоа ќе се случи, бидејќи, како што рече, САД ќе сторат сé што е во нивна моќ за да ја заштитат националната безбедност, вклучувајќи го и распоредувањето на својата база.

Треба да знаете
Последни објави