Јас сум првиот и единствениот човек кој што даде морална оставка од морални причини, имам и морална должност да ја предадам оваа метла за онаа чистка што треба да се направи, рече Драган Спасов Дац, вечерва на митингот.
– Ова не е ништо договорено, од маркет е само 360 денари, се пошегува Дац
-Јас сум човек кој што отсекогаш сум го сакал социјалдемократскиот сојуз и човек кој што секогаш гласал за оваа партија, кој што се гордеел со оваа партија и ќе продолжам да се гордеам. Сигурен сум дека мојот иден претседател е Стево Пендаровски.
На шегата со метлата, Пендаровски во свој стил му врати на Дац: Дали си сигурен дека една метла ќе биде доволна?
Извор: Центар.мк