Мотоцикл излетал од пат, сопатничката тешко повредена

Велешанка била тешко повредена кога мотоциклот на кој се возела излетал од пат, вчера на на регионалниот пат Градско – Велес.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 16 чaсот. Мотоцикл „кавасаки“ со велешки регистарски ознаки, управуван од П.И.(48) од Велес излетал од коловозот.

Од излетувањето со тешки повреди се здобила сопатничката на мотоциклот А.И.(48) од Велес.

Со возило на Итна медицинска помош Велес таа била пренесена во болницата во Велес од каде била препратена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави