Бројот на наставници и соработници во високообразовните установи во академската 2018/2019 година изнесува 4.323, објави денеска Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број наставници и соработници, 3.101 или 71,7 проценти се наставници и 1.222, односно 28,3 проценти се соработници во наставата.
Бројот на наставнички и соработнички во учебната 2018/2019 година изнесува 2.060 или 47,7 проценти.