Неда Арнериќ излезе од болница, за неа ќе се грижи брат ѝ

По 40 дена поминати во болница во Белград, актерката Неда Арнериќ (65) е пуштена на домашно лекување. Нејзиниот брат ја најде во нејзиниот стан во несвесна состојба откако испи 20 таблети за смирување во комбинација со лекови за хипертензија, односно висок крвен притисок.

„Сè оди по својот тек. Неда е многу подобра, дома е веќе десетина дена и полека се враќа во рутина. Со блиските пријатели, кои исто така се нејзини колешки, таа веќе почна да зборува за враќање на сцената, и ако сè оди добро, наскоро ќе ја видиме во театар“, изјави пријателка на Неда за магазинот „Глорија“.

Неда падна пред три години од балконот на нејзиниот стан, кој се наоѓа на третиот кат на зградата и притоа доби сериозни повреди. Во текот на престојот во болница, некои медиуми објавија за тоа како лекарите се бореле за нејзиниот живот, што таа подоцна го демантираше.

Во средината на декември минатата година, нејзиниот сопруг, д-р Милорад Мештеровиќ, ја изгуби битка со долга и тешка болест.

Тие се сакаа 35 години, а култната актерка често истакнуваше дека почитуваниот доктор е нејзината најголема љубов. Поради сè, како што вели, патела и била депресивна.

Треба да знаете
Последни објави