Денес, папата Франциско повторно го осуди нападот на цркви и хотели на Шри Ланка, во кој загинаа речиси 300 лица и повика на универзална осуда на нечовечкиот терористички чин.
„Не двоумете се да ѝ ја дадете целата потребна помош на оваа драга нација“, рече папата обраќајќи им се на десетици илјади верници на плоштадот „Свети Петар“.
Тој рече дека бил близок со католичката заедница на Шри Ланка и дека се моли за мртвите или повредените.
Според „Ројтерс“, папата Франциско вчера изјави дека со тага и болка ја примил веста за смртоносните напади што донеле тага и болка во црквите и другите места каде што луѓето се собрале на Шри Ланка.
Според најновите информации, во самоубиствените напади врз цркви и луксузни хотели на Шри Ланка животот во неделата го загубија 290 лица, а околу 500 лица се повредени.