На Петре Шилегов и на Стефан Богоев им требаше годин ипол за да излезат и да го работат она за што се платени. Шилегов и Богоев година ипол не направија ништо за Скопје и за Карпош. Шилегов и Богоев се најнеспособните градоначалници во историјата на Скопје и Карпош.
Денес Шилегов и Богоев се пофалија дека почнале да чистат депонија, за која имале година ипол да ја исчистат. Шилегов и Богоев повторно ништо не работат, но поради поразот на претседателските избори и на нивниот кандидат Стево Пендаровски излегоа пред камери да даваат бледи изјави и да се преправаат дека нешто работат.
Скопје му го сврте грбот на СДСМ. Скопје му сврте грб на Заев, Пендаровски, Шилегов и Богоев. Скопје и скопјани сакаат работа и посветеност, иневестиции на секое поле, а тоа се работи кои од СДСМ не ги видоа.
СДСМ продолжува да тоне во Скопје, затоа што скопјани не се нискоинтелегентни за да им поверуваат на лагите. СДСМ губи и ќе изгуби и во вториот круг. Затоа што Скопје и скопјани сакаат претседател на државата кој е за право и правдина. Скопје ќе ја избере Гордана Силјановска Давкова.