Европската комисија денеска уште еднаш го отфрли повторното отворање на договорот за повлекување на Велика Британија од ЕУ, кој беше постигнат минатата година.
Британски медиуми објавија дека премиерката Тереза Меј ги замолила советниците да ги разгледааат алтернативните аранжмани за ирската граница.
– Исклучено е повторно да преговараме или да го отвориме договорот за повлекување, бидејќи тоа е најдоброто можно решение, изјави заменичката на главната портпаролка Мина Андреева, истакнувајќи ги наводите на претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер.
ЕУ го одложи Брегзит до крај на октомври, спречувајќи, барем засега, ризик од изненадно излегување на Британија од европскиот блок, кое, како што стравуваат, лошо ќе влијае на економијата.