Епидемијата на сипаници во американската држава Њујорк достигна ниво кое не е забележано во САД во текот на последните 25 години, пишува АП.
Официјалните лица изјавија дека минатата недела биле регистрирани 71 нов случај, од кои 68 биле во Њујорк.
Во САД се регистрирани 626 случаи на сипаници од почетокот на оваа година, додека неславниот рекорд е забележан во 1994 година со 963 случаи.
Сипаниците се евидентирани во 22 американски држави, но АП вели дека повеќето биле пријавени во државата Њујорк, односно во главниот град на државата Њујорк и во блиската област Рокленд.
Најголем број случаи се забележани кај невакцинирани лица во еврејските заедници.