Денес во КИЦ на РСМ во Софија со почеток од 18:30 часот, ќе се оддржи концерт на Трио Џентлмен. На концертот ,,За Дамата” на Трио Џентлмен ќе бидат изведени македониски композиции, евергрини, македосни народни песни и италијански канцони, аранжирани за триото. Композициите ќе бидат изведени во придружба на гитара.
Трио Џентлмен е составено од тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Јане Дунимаглоски – тенор. По урнекот на светските поп-класични состави се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат пред својата публика.
На нивниот репертоар, освен класичните композиции, се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и секако македонското творештво. За ова кратко време колку постојат (околу четири години) имаат настапувано низ целата земја (Скопје, Охрид, Струга, Битола, Радовиш, Виница, Штип, Пробиштип и др.) со свои целовечерни концерт како и дел од големи манифестации во нашата држава, а и надвор од неа.
Различни ги прави тоа што прават спој на операта, оперското пеење со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, тризвук итрепетиран од тројца оперски пеачи.