Кумановец избоден со нож во рака

Маж кој престојувал во зградата на поранешен хотел „Кристал” во центарот на Куманово, бил избоден со остар предмет, соопштија денеска од СВР-Куманово.

Дваесет и седум годишниот У.З., кој привремено престојува во поранешниот хотел „Кристал”, вчера во 18.50 часот пријавил во  кумановската полиција дека кај него дошол С.Т. (32) од Куманово и по вербална расправија со остар предмет му нанел повреда на левата рака.

С.Т. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава. 

Треба да знаете
Последни објави