Првиот масовен погреб почна во Шри Ланка додека земјата прогласи ден на жалост за жртвите од бомбашките напади во цркви и хотели, пренесе Ројтерс. Триминутен молк за загинатите го одбележа почетокот на погребот, а земјата воведе вонредна состојба во земјата како превентивна мерка од нови напади.
Билансот на загинати се искачи на 310, соопшти полицијата.
Владата на Шри Ланка за нападите ја обвини локалната исламистичка група „Нешенал Тоид Џамат“. Уапсени се 40 осомничени поради поврзаност со нападите.