Активистите на организацијата „Are You Syrious“ објавија снимка која настана во близина на Требиње во БиХ, на граничниот премин Клобук на граница со Црна Гора, објави „Кликс“.
Видеото покажува мигранти кои се сместени во метални кафези.
„Кликс“ пренесува дека активистите тврдат дека на снимката се две семејства од Ирак, седум возрасни и пет деца. Тие додаваат дека мигрантите не смеат да бараат азил во БиХ, па ги враќаат во Црна Гора и дека таквото однесување не е во согласност со законите на БиХ и меѓународното право.
Пограничната полиција го коментираше целиот случај, вели Кликс.
Тие тврдат дека сè е според стандардите и додаваат дека просториите во кои се мигрантите имаат вентилација, хигиенски услови и видеонадзор.