Обид за насилна промена на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Обид за насилна промена на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Финансиска полиција упадна во седиштето на Исламската верска заедница откако Скендер Бузаку, кој досега делуваше како фракционер, го доби судското решение дека тој треба да биде новиот реис на местото на Сулејман Реџепи.

Канал 5 известува дека Основниот суд Скопје 2 го прифати барањето на  Бузаку и токму поради тоа има големо полициско обезбедување пред ИВЗ.

Како што известува пак Телма, во моментов и двата табори се во просториите на Исламската верска заедница. Присутна е финансиска полиција која го чешла работењето на Реџепи.

И претходно имало обиди за смена на  Сулејман Реџепи, но истите завршиле  неуспешно. Реџепи, исто така, беше цел на неколку последователни обвинувања на заменик-претседателот на СДСМ, Мухамет Зекири.

Основиот суд Скопје 2 ја уважил жалбата на Скедер Бузаку кој во 2015 бил избран за поглавар на ИВЗ. Во истиот тој период на паралелно собрание е реизбран за поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи.

Во последно време ИВЗ се препукуваше со Владата преку преписки, а особено Сулејман Реџепи беше на тапет кај пратеникот од СДСМ, Мухамед Зеќири.

Тешки критики кон него паднаа откако објави видео во кое вели дека „не се живее со див народ без идентитет“.

Треба да знаете
Последни објави