Промовиран првиот интерактивен водач за Скопје „Здраво Скопје“

Во неделата во градскиот парк во опуштена и релаксирана атмосфера, весело, разиграно, надополнето со розови балони, превкусни јаболка, карирани ќебенца и скопски шлагери беше промовиран првиот интерактивен водич за Скопје “Здраво Скопје”

Преполно со деца, домашни миленичиња, родители, баби и дедовци се направи журка за паметење враќајќи не назад во едно прекрасно време кога одењето на пикник беше задолжително речиси секој викенд и кога дружбата беше неповторлива и за момент посетителите ги оттргна од социјалните мрежи.

Му посакуваме на Здраво Скопје добредојде и да продолжи да носи насмевки и да буди емоции.

Треба да знаете
Последни објави