Белгијка „вдомила“ повеќе од 100 илегални мигранти во својата градина

Една жена во белгиското село Спи предизвика контроверзии меѓу останатите жители давајќи им прибежиште на околу 100 мигранти во својата градина додека се обидуваат нелегално да стигнат до Велика Британија, пренесува РТЛ.

Жената, идентификувана само како Амелин, „вдомила“ голем број мигранти на својот имот во поголемиот дел од годината, но нивниот бројот толку се зголемил што сега има речиси стотина, претежно африкански мигранти кои кампуваат во шатори во областа. Амелин и нејзиното семејство ги хранат, сместуваат и чистат за мигрантите.

„Даваме се од себе, тие се чисти … ние сме секогаш зад нив, но и нам не ни е лесно, почнуваме да стануваме исцрпени”, вели Амелин.

Иако најмалку еден сосед ѝ помага на Амелин, неколку други бараат од полицијата да дејствува и да ги премести илегалните мигранти од селото, а еден жител тврдел дека кампот мириса страшно во текот на летото.

Амелин се обидела да ги смири соседите со преместување на дел од шаторите за мигранти на блискиот автопат каде што мигрантите честопати се обидуваат да се качат на некој од камионите што се упатени кон Велика Британија.

И други области во Белгија се справуваат со мигрантските кампови, некои во јавни паркови, како што се паркот „Максимилиен“ во Брисел, каде што организираните банди минатата година создале „интимни простори” за мигрантите да имаат секс со локалните проститутки.

Паркот, исто така, стана центар на криминалот и насилството, а еден полицаец службеник бил прободен откако се обидел да разбуди пар мигранти.

Повеќето од мигрантите активно се обидуваат да стигнат до Велика Британија наместо да останат во Белгија. Ова го навело шефот на полицијата во Круибеке, Вим Питераренс, да се праша зошто неговите службеници треба да ги задржат и да не им дозволат да преминат во Велика Британија.

Треба да знаете
Последни објави