Билети за Плитвичките Езера ќе се купуваат само на интернет

Влезниците за Националниот парк Плитвички Езера во Хрватска отсега може да се купат само на интернет, а сè тоа за да се избегне метежот од посетители во еден ден, чиј број е ограничен на 8.500 до 10.000.

Цената за билет за возрасен е од 60 до 100 куни (8,5 до 13,60 евра) и од три до седум евра за деца помали од седум години.

Цените варираат зависно од тоа дали станува збор за работен ден или празник.

Треба да знаете
Последни објави